
Концерт „Виртуози на хорна“ во Филхармонија
Во малата сала на Филхармонија вечер со почеток од 19 часот ќе се одржи концерт насловен „Виртуози на хорна“ на кој ќе настапат реномирани хорнисти од земјава и регионот.
Во малата сала на Филхармонија вечер со почеток од 19 часот ќе се одржи концерт насловен „Виртуози на хорна“ на кој ќе настапат реномирани хорнисти од земјава и регионот.

Покрај Благоја Василевски, на регионот ќе настапат Михајло Булајиќ (прва хорна во Лондонски Симфониски Оркестар и оркестар на РТВ Словенија), Никола Чириќ (прва хорна Белградска Филхармонија), Илир Кодима (прва хорна Косовска Филхармонија и Факултет за музичка уметност Тирана) и Милан Роксандиќ (театар Нови Сад).
На програмата ќе бидат изведени познати класични композиции како Унгарска рапсодија бр. 5 од Јоханес Брамс, Радецки Марш од Јохан Штраус, но и божиќни песни аранжирани за ансамбл хорни.
– Овој настан претставува значаен пример за меѓународна соработка и културна размена, носејќи врвна уметничка изведба и современ пристап кон камерната музика за хорни. Публиката ќе има можност да ужива во програма што ги истакнува богатството и можностите на овој инструмент, како и заедничката визија за развој на брас сцената во регионот, велат од Скопскиот Брас Фестивал.
Влезот за концертот е слободен.