Премиерот на Албанија – Еди Рама вели дека реализацијата на проектот Отворен Балкан е од витално значење за четирите основни европски слободи на Западен Балкан – движење на стоки, луѓе, капитал и услуги. Оваа негова изјава доаѓа во пресрет на вечерашното отворање на дводневниот самит на членки на Отворен Балкан во Охрид.
„Овие четири слободи на движење се она што е од витално значење за нас, она што е од витално значење за безбедноста во овој регион и што е важно за мирот и решавањето на конфликтите во овој дел од Европа“ – рече Рама.
Тој посебно се осврна на поврзувањето на регионот со помош на проектот „Син коридор“ кој има за цел да го поврзе Балканот од најсеверниот дел на Хрватска со Грција, што поминува низ Албанија.
Сепак, порача Рама, потребна е помош од Европската Унија.