Медведев: Ги мразам, тие се изроди, додека сум жив, ќе направам се за да исчезнат!

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија – Дмитриј Медведев утрово испрати помалку чудна порака на Телеграм.

„Често ме прашуваат зошто моите публикации на Телеграм се толку груби. Одговорот е дека ги мразам. Тие се копилиња и изроди. Тие сакаат смрт за нас, Русија. И додека сум жив, ќе направам се за да исчезнат“ – напиша Медведев.

Тој неодамна изјави дека Русија нема да дозволи избувнување на Третата светска војна, но земјата жестоко ќе одговори во случај на напад.

Медведев рече и дека доколку Финска и Шведска се приклучат на НАТО, тие ќе ги зајакнат своите воени ресурси, вклучително и нуклеарните, во Балтичкото Море и во близина на Скандинавија.