Александар Вулин – министерот за внатрешни работи на Србија му одговори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој изјави дека не е време за седење на две столици и дека Србија мора да одбере страна ако сака да влезе во Европската Унија.
Вулин вели дека секогаш е време Србија да се сочува себе и своите пријателства, но дека никогаш не е време да добива лекции од Хрватска која страна да ја избере.
„По откажувањето на посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Белград, Вулин кажа дека Србија не е територија туку држава. „Државите самите одлучуваат кои им се пријателите. Ако постои народ кој непогрешливо ја бирал погрешната страна на историјата, тоа е хрватскиот. И ако постои народ кој Хрватите ги предводел на вистинската страна на историјата, тогаш тоа е српскиот народ“ – кажа Вулин.
Тој додаде дека Пленковиќ не разбира дека Србија има само една столица – српската.