Дресот на Коби од првата сезона во НБА продаден за 2,7 милиони долари
Легендата на НБА лигата – играчот на ЛА Лејкерс Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа пред две години својата НБА кариера ја започна во сезоната 1996/97.
Тој остави неизбришива трага во најквалитетната кошаркарска лига во светот, па фановите и понатаму купуваат скапоцени сувенири кои биле негови.
Неодамна беше продаден дресот во кој Коби Брајант настапуваше како дебитант во Лејкерси. Аукциската куќа „СЦП“ откри дека истиот е продаден за 2,73 милиони долари.
Сепак, јавноста не дозна кој е купувачот затоа што тој посакал да остане анонимен.
Вториот дрес на Брајант од дебитантската сезона беше продаден минатата година, за рекордни 3,69 милиони долари. На дресот имаше потпис на петкратниот НБА шампион.
Photomatched game-used rookie Kobe jersey brought in $2.73 million last night at @SCPAuctions. pic.twitter.com/ZeVUwBEMI0
— Darren Rovell (@darrenrovell) June 5, 2022