Фрчат казни во Скопје: Се вози брзо, без возачка, под дејство на алкохол

Возачите во главниот град со бројни прекршоци. Не се почитуваат законите ниту пак прописите.

Ова се заклучува од последната статистика на МВР која бележи дури 164 санкции во текот на вчерашниот ден.

Изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.

Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за некористење сигурносен појас.

МВР ќе продолжи со акциските контроли и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.