„Предвремени парламентарни избори се потребни затоа што системот е трул и нефункционален, а колку подолго останува оваа коалиција е на власт, толку повеќе ќе губи народот“. Ова синоќа во емисија на тв Алсат го изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Потребни се брзи предвремени парламентарни избори и сега како што е состојбата нема да има за македонските граѓани ништо што е ново и креативно, така што колку подолго е оваа власт останува таму каде што е би рекол некредибилна, толку повеќе ќе губат македонските граѓани и тука нема етничка припадност, ќе губат Македонци, Албанци, Турци, Срби и Власи и Роми и Бошњаци, буквално сите“рече Мицкоски.
Тој вели дека мора да има луѓе кои ќе ги менаџираат вработените во системот, а потребни се луѓе кои ќе воведат дисциплина и кои ќе знаат да работат.
„Овие луѓе коишто се сега во власта, односно оваа коалиција СДСМ-ДУИ која речиси четири и пол половина години работи буквално на разнебитување и урнисување на системот, системот денеска е нефункционален, а последиците од таков трул систем ги гледаме секојдневно, такам беше со трагедијата во Ласкарци, која беше една друга транспортна компанија која превезува патници, така беше и со модуларната болница, целосно отсуство на одговорност, каде само продолжен кабел беше одговорен за таа несреќа, така и сега на експресниот пат Струма каде иако 45 луѓе го загубија животот повторно нема никаква одговорност, ниту морална, ниту било каква друга, тоа е она коешто недостасува кај оваа коалиција на власт“ е ставот на Мицкоски.