Претседателот на Руската Федерација – Владимир Путин потпиша указ, со кој се предвидува исплата на 5 милиони рубљи (75.000 евра) на семејствата на загинатите припадници на Националната гарда на Русија во Украина и Сирија, пренесува агенцијата „Хина“.
Со указот на некој начин се призна дека меѓу загинатите во агресијата против Украина има и членови на Росгардија – формација која е директно одговорна пред Путин, а е основана во 2016 година за борба против тероризмот и организираниот криминал.
Таа досега главно се користеше за сузбивање на антивладините протести.
На 25. март Русија последен пат го објави официјалниот број на загинати руски војници во Украина. Тогаш информираа дека 1.351 руски војник е убиени, а 3.825 биле ранети.
Сепак, украинската, но и западните влади веруваат дека тој број е многу поголем.