
Мицкоски: Имам право да си кажувам Македонија
– Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“.
Околу реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата, премиерот Христијан Мицкоски денес од посетата на „Алкалоид“ истакна дека за него името Македонија е свето и дека има слободно право на говор да си кажува како што мисли.
– Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“.
Мицкоски најави дека Предлог законот за правична застапеност а кој има мислење од Венецијанската комисија би требало да се најде во Парламентот многу скоро.
– Имаме седница на Влада во вторник. Помина на Влада пред да се испрати во Венецијанската комисија, ако треба повторно ќе помине и ќе го испратиме во Собранието, рече Мицкоски.