СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Србија со Вучиќ – дали Мицкоски мирно спие?

„Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Сите политики им се исти. Мицко копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“ Вучиќ. Лажни вести, манипулации, напади на опозицијата, криминални тендери, корупција со бизнис шеми, контрола врз судството, задушување на медиумите, задушување на демократијата, на говорот за слобода, изолација од ЕУ….листата е огромна.Copy-paste, исто како Вучиќ. После воведувањето на овие санкции од САД за Вучиќ во Србија, прашањето е дали Христијан Мицкоски мирно спие?Нема да ви помине истото сценарио!- порачуваат од СДСМ.

СДСМ реагираат на усвојувањето на новиот Закон за демократија и просперитет во Западен Балкан, кој беше усвоен во Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес минатата среда. Според нив, посебен фокус се става на состојбите во соседна Србија, особено состојбата на демократијата која е оценета како „загрижувачка“, поради авторитарната контрола, но и корупцијата.

-САД реагираат дека власта на СНС ги обвинува мирните демонстранти, опозицијата и граѓанското општество дека ја дестабилизираат Владата, што е оценето како „загрижувачко тврдење кое ја загрозува безбедноста на важни сегменти од српското општество“. Секако тука е и корупцијата која се споменува меѓу главните политички лидери.

„Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Сите политики им се исти. Мицко копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“ Вучиќ. Лажни вести, манипулации, напади на опозицијата, криминални тендери, корупција со бизнис шеми, контрола врз судството, задушување на медиумите, задушување на демократијата, на говорот за слобода, изолација од ЕУ….листата е огромна.Copy-paste, исто како Вучиќ. После воведувањето на овие санкции од САД за Вучиќ во Србија, прашањето е дали Христијан Мицкоски мирно спие? Нема да ви помине истото сценарио!- порачуваат од СДСМ.

Инаку, американскиот Конгрес во предлогот за обемниот Закон за одбрана оцени дека зависноста на земјите од Западен Балкан од руските фосилни горива ги врзува нивните економии и политика за Москва и ги попречува нивните аспирации кон европска интеграција, додека корупцијата, вклучително и меѓу клучните политички лидери, продолжува да претставува една од најголемите пречки за понатамошен економски и политички развој на регионот.

Во предлогот на Законот за авторизација на национална одбрана, кој беше усвоен во двата дома на Конгресот со гласови и на републиканците и на демократите и кој треба да го потпише претседателот Доналд Трамп, се наведува дека намалувањето на зависноста на Западен Балкан од рускиот гас и фосилните горива е во национален интерес на САД, како и дека Вашингтон треба да го поддржи пристапувањето на земјите од регионот кон Европската Унија и НАТО.

„Зависноста на земјите од Западен Балкан од руските извори на фосилни горива и природен гас ги врзува нивните економии и политика за Руската Федерација и ги попречува нивните аспирации кон европска интеграција“, се наведува во текстот.

Растот на влијанието на Кина во Западен Балкан може да има штетно влијание и врз стратешката конкуренција, демократијата и економската интеграција со Европа, според законот, кој бара од државниот секретар, во координација со министерот за одбрана, директорот на Националната разузнавачка служба и други релевантни агенции, редовно да го известува Конгресот за малигното влијание на Русија и Кина врз балканските земји.

Во него се наведува дека Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, постигнат на 27 февруари 2023 година со посредство на ЕУ, претставува позитивен чекор во нормализацијата меѓу двете земји, кои „треба да се стремат кон итен напредок во спроведувањето на Анексот на спроведувањето на тој договор“.

„По доволен напредок, САД треба да разгледаат иницијативи за зајакнување на билатералните односи со двете земји“, се вели во предлог-законот за одбрана, додавајќи дека ова вклучува воспоставување билатерални стратешки дијалози и конкретни иницијативи за продлабочување на економските врски и инвестиции. САД треба да продолжат да го поддржуваат сеопфатниот конечен договор меѓу Косово и Србија врз основа на меѓусебно признавање, со кој нема да се залагаат за територијални размени, поделба или други промени на границите по етнички линии во Западен Балкан за решавање на конфликти и треба да ги поддржат плуралистичките демократии во регионот како средство за спречување на враќањето на етничките конфликти.

Предлогот за Законот за авторизација на национална одбрана, со кој се воспоставуваат или продолжуваат одбранбените програми и активности на Министерството за одбрана на САД и други федерални агенции, исто така изразува загриженост за состојбата на демократијата во Србија.

Генерално во законот се дава поддршка за евроатлантска интеграција Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – да формираат плуралистички, мултиетнички регион во срцето на Европа, што е од клучно значење за мирот, стабилноста и просперитетот на тој континент.

„Трајниот мир, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан се директно поврзани со можностите за демократски и економски напредок на тие шест земји и во заеднички интерес на САД и земјите од регионот е да промовираат стабилен и одржлив економски раст и развој во регионот. Реформите и интеграцијата со Европската Унија што ги спроведуваат земјите од Западен Балкан доведоа до значителен демократски и економски напредок во регионот, но и покрај ова подобрување, стапките на сиромаштија и невработеност во Западен Балкан остануваат повисоки отколку во соседните земји од ЕУ“.

Дополнително, се наведува дека „корупцијата, вклучително и меѓу клучните политички лидери, продолжува да влијае на Западен Балкан и претставува една од најголемите пречки за понатамошен економски и политички развој на регионот“, додека „кампањите за дезинформации насочени кон Западен Балкан го поткопуваат кредибилитетот на демократските институции, вклучително и интегритетот на изборите“.

Во овој поглед, ставот на Конгресот е дека САД, меѓу другото, треба да соработуваат со сојузниците и партнерите посветени на зајакнување на владеењето на правото, диверзификација на изворите на енергија, демократски и економски реформи и намалување на сиромаштијата; да го поттикнат зајакнувањето на деловните врски и инвестициите меѓу САД и сојузниците и партнерите во Западен Балкан; да ја прошират помошта на САД за напорите за регионална интеграција во регионот.

„САД треба да го поддржат пристапувањето на земјите од Западен Балкан кои не се членки на Европската Унија и НАТО за земјите кои сакаат членство, ги исполнуваат условите за членство, имаат поддршка од сите сојузници за добивање покана за членство и се способни дополнително да ги промовираат принципите на Северноатлантскиот договор и значително да придонесат за колективната безбедност на НАТО“, стои во предлог законот.

Од државниот секретар се бара да преземе иницијативи за демократски и економски развој и просперитет што би ја прошириле техничката помош во секоја земја од Западен Балкан, земајќи ги предвид локалните услови и согласноста на владата домаќин, зајакнување на постојните национални стратегии против корупцијата, вклучително и против политичката корупција, особено во судството, независните тела за следење на изборите и јавните набавки, истовремено промовирајќи ја улогата на независните медиуми во борбата против корупцијата.

Авторот на предлог-законот за Западен Балкан, член на Претставничкиот дом, демократ, Вилијам Китинг, изјави за телевизијата Инсајдер дека усвојувањето на предлог-законот е доказ дека Балканот е сè уште на американскиот радар.

„Важната порака е дека Америка сè уште е заинтересирана за Западен Балкан. Со години се занимавам со регионот и отсекогаш го сметав за област што е важна за нас. Луѓето треба да знаат дека дури и во оваа американска влада има луѓе кои го гледаат Балканот како приоритет“, рече Китинг.

Тој објасни дека го поднел предлогот уште во септември и дека неодамна бил вклучен во законот за одбрана за да се обезбеди негово усвојување.