
(ВИДЕО) Трилинг најава: Колку неказнивоста го руши системот на владеење на правото?
Во „Трилинг“ интервју со проф. Рената Дескоска потпретседателката на Венецијанската комисија. Разговори и со Илина Мангова политиколог и д-р Виолета Мојсовска Наумоска интервентен кардиолог. Во рубриката „Знаење што менува“ гостин е Ивона Игнатоска, дипломиран андрагог и раководител на Кариерниот центар во Семос Едукација.
Во „Трилинг“ интервју со проф. Рената Дескоска потпретседателката на Венецијанската комисија. Разговори и со Илина Мангова политиколог и д-р Виолета Мојсовска Наумоска интервентен кардиолог.
Во рубриката „Знаење што менува“ гостин е Ивона Игнатоска, дипломиран андрагог и раководител на Кариерниот центар во Семос Едукација.

„Уставно-правно судството е поставено како независна, како трета власт.
-Држава во која што имате слаба опозиција има ризици во себе.
-Амнестирање на моќници, промовирање на принцип на неказнивост е нешто што го руши системот на владеење на право и ќе биде пречка на нашиот пат кон ЕУ“, смета проф. Рената Дескоска потпретседателката на Венецијански комисија.

„Мислам дека ние како држава веќе подолг период ги чувствуваме последиците од застојот во европската интеграција и тоа го гледаме преку големиот степен на иселување на граѓаните, незадоволство од квалитетот на животот во земјата, слабоста на испорака од државните институции кон граѓаните“, вели политикологот Илина Мангова.

„Не сакам да мислам дека се работи за некој да профитира врз пациентите. Еве јас лично сум видела пациент каде што е направен бајпас на нога а немало потреба. Пациентот во моментов нема компликации, меѓутоа поминал хируршки зафат кој можел да има оперативни, постоперативни компликации и теоретски во тој момент го загрозуваш и животот на пациентот што е недозволиво“, потенцира д-р Виолета Мојсовска Наумоска интервентен кардиолог.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.