Повторно скок на горивата: Еве колку ќе плаќаме за бензин и дизел од полноќ
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар по литар.
Toa значи дека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 бележи скок во цената за 0,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 2,50 денари по литар.
Регулаторната комисија за енергетика реши ЕУРОСУПЕР БС – 95 да чини 110 денари за литар, а 112 денари ЕУРОСУПЕР БС – 98.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 102 денари, а Естра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 99,50 денари.
Скок бележи и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,868 ден/кг и килограм ќе се продава за 55,508 денари.
Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени е за 1,30 проценти во однос на одлуката од 3-ти месецов.