„Долгогодишните грешки на западните земји во економската политика и санкциите доведоа до глобална инфлација, зголемена сиромаштија и недостиг на храна“.
Ова го изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на 25. Меѓународен економски форум во Санкт Петербург.
Тој рече дека следните години ќе бидат период на зајакнување на економскиот суверенитет на Русија и дека економијата на земјата ќе го задржи фокусот на меѓународната соработка.
„Јубилејната средба се одржува во предизвикувачки период за целата меѓународна заедница. Долгогодишните економски грешки на Западот и нелегитимните санкции доведоа до бран на глобална инфлација, уништија заеднички логистички и производствени синџири, нагло ја зголемија сиромаштијата и предизвикаа недостиг на храна. Меѓутоа, како што се случува, заедно со предизвиците, се отвораат и перспективи, поради што слоганот на форумот Нови можности во Новиот свет изгледа толку релевантен“ – рече Путин.
Тој изрази уверување дека „руската економија сè повеќе ќе се потпира на приватна иницијатива и очигледно ќе го задржи фокусот на отвореноста и широката меѓународна соработка“.