Захарова се огласи за забраната за Лавров: Себични сте!
Земјите што ја опкружуваат Србија, го затворија небото за авионот на Сергеј Лавров, со тоа затворајќи уште еден канал за комуникација, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Захарова за италијанскиот телевизиски канал „Ла7“ изјави дека земјите што ја опкружуваат Србија го затвориле каналот за комуникација, не дозволувајќи прелетување на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвувал да ја посети Србија.
Захарова истакна дека Москва не е таа што создава нова железна завеса, туку Европа е таа што ја оградува Русија.
– Токму денеска, пред еден час, земјите што ја опкружуваат Србија го затворија комуникацискиот канал, недозволувајќи да прелета авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Државите членки на Европската Унија и на НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден комуникациски канал, појасни Захарова.
Ројтерс во неделата навечер, цитирајќи го Интерфакс, објави дека посетата на Лавров на Србија е откажана откако земјите околу Србија го затвориле својот воздушен простор за неговиот авион.