Зеленски во први линии на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ги посетил војниците на некои од најтешко бомбардираните позиции на линијата на фронтот – во Лисичанск и Соледар.

Според Си-Ен-Ен, двете места со недели се под тешки руски артилериски напади.

“Горд сум на сите што ги сретнав, се ракував, разговарав и ги поддржував. Нешто беше донесено во армијата, но нема да навлегувам во детали. А нешто од тоа ви донесов. Тоа е важно – доверба и сила “, рече Зеленски во ноќното обраќање.

Зеленски пред тоа беше во јужниот украински град Запорожје, каде, според него, се сретнал со градоначалниците на некои окупирани градови.

„Се сретнав со граѓаните на Мариупол кои успеаја да го напуштат градот живи, и со децата. Ги видов во Хортизија. Условите се привремени, но не и лоши. Секое семејство има своја приказна, повеќето се без мажи. Нечиј сопруг замина во војната некои се во заробеништво, а некои за жал загинаа“, рече Зеленски.

Тој ветил дека ќе направи сè за да им се најде удобно сместување на сите раселени луѓе.