На јавна трибина РКЕ ќе ја презентира анализата за реформа на тарифниот систем за електрична енергија

Јавна трибини на која ќе се презентираат заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе одржи денеска РКЕ.

Како што е соопштено сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги поставиле до РКЕ во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите.

„Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите“, потеницраат од РКЕ.

Оттаму посочуваат дека блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена.