Пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери денеска е на дневен ред на закажаната Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања.
Оваа пријава беше поднесена од страна на неколку пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ
Имено, Џафери од своја страна кажа дека не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови.
Тој вели дека не го прекршил Етичкиот кодекс и дека за ова прашање има процедура која тече во телата на Собранието.