Еруптираше вулканот Булусан на Филипините

Вулканот Булусан на Филипините денеска исфрлил голем облак пепел, па морале да се евакуираат жителите од околните градови поради постојана опасност од нова ерупција.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија информира дека ерупцијата на вулканот Булусан, лоциран во провинцијата Сорсогон, во источниот дел на земјата траела околу 17 минути, а пепелот бил исфрлен најмалку 1 километар во висина.

Со пепел покриени се два града во провинцијата Сорсогон, што се наоѓа околу 500 километри јужно од Манила.

Вулканот е активен изминатите години, а десетина слични ерупции беа забележани помеѓу 2016 и 2017 година.

На Филипините има над 20 активни вулкани.