Во среда, на 8. декември германскиот Бундестаг ќе го избере новиот канцелар, соопштија од Службата за информирање на германскиот Парламент.
Ангела Меркел во среда и официјално ќе биде заменета од социјалдемократот – Олаф Шолц кој е актуелен министер за финансии.
Заминувањето на Меркел ќе значи дека и нејзината коалиција (ЦДУ/ЦСУ) ќе ја напушта владата, оти новата влада ќе ја сочинуваат Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФПД).