Бајрам Бегај е нов претседател на Албанија!

Доцна попладнево парламентот во Албанија за нов претседател на државата го избра генерал Бајрам Бегај, досегашен началник на Генералштабот на вооружените сили.За изборот на Бегај гласаа 78 пратеници, а покрај владејачките социјалисти поддршка му дадоа и опозициски пратеници.

На денешната пленарна седница пристигнаа дел од пратениците на Демократската партија приврзаници на Енкелејд Алибеај, но веднаш ја напуштија, додека оние на Сали Бериша беа во собраниската сала. Како што налага албанскиот Устав, за предлог-кандидатурата се потпишаа 37 пратеници (потребни беа 20) меѓу нив и премиерот Еди Рама.Актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета претходно го отповика Бегај од  функцијата началник на ГШ на албанската армија, со што го отвори патот за негов избор.