Доминиканската Република им дозволува на САД пристап до воздухопловната база за операции против дрога

На Соединетите Американски Држави ќе им биде дозволено да користат воздухопловна база на југот од Доминиканската Република за своите воени операции против бродови за шверц на дрога во Карибите, објави вчера претседателот Луис Абинадер.

-На САД ќе им биде дозволен привремен пристап до воздухопловната база Сан Исидро и меѓународниот аеродром Лас Америкас во Санто Доминго, изјави претседателот за време на посетата на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Според Абинадер, објектите може да се користат за логистички операции како што се полнење гориво и транспорт на опрема и персонал.

Хегсет му се заблагодари на Абинадер за одлуката, нарекувајќи ја Доминиканската Република долгогодишен и близок партнер на САД.

Американската војска во моментов собира сили на Карибите. Во последните недели, уништи околу 20 бродови за кои се тврди дека им припаѓаат на шверцери на дрога, при што според американските бројки уби повеќе од 80 лица.

Еден од нападите се случи крај брегот на Доминиканската Република во септември, како дел од заедничка операција меѓу двете земји.