Во Битола почнува фестивалот „Музика од светот“

Со концерт на битолската група „Фонтана“ и пејачката Гамзе Матраџи од Турција, вечер во Битола почнува 17. издание на фестивалот „Музика од светот“.

Со концерт на битолската група „Фонтана“ и пејачката Гамзе Матраџи од Турција, вечер во Битола почнува 17. издание на фестивалот „Музика од светот“.

Во големата сала на НУ Центар за култура ќе биде понудена програма втемелена на македонската традиционална музика, најави Благојче Трајковски, член на групата „Фонтана“.

-Нашата гостинка Гамзе Матраџи во Битола доаѓа по пауза од десет години. Возбудата пред овој голем настан е голема и со една посебна трема која не сум ја почувствувал на ниту една друга сцена. Со максимална одговорност ја креиравме целата програма, но и со голема љубов, и тоа го чувствуваат сите околу дваесет уметници кои вечер ќе настапат на фестивлската сцена во Битола, посочи Трајковски.

Групата „Фонтана“ и Гамзе Матраџи од Турција на вечерашниот репертоар ќе понудат македонска и турска музика, фолк, рок, метал, џез и други музички жанрови.