Во Белград нападната екипа на ТВ Н1

Неидентификуван маж ја нападна денеска екипата на ТВ Н1, која снимаше во близина на српскиот Парламент и шаторската населба, позната во јавноста со месеци како „Ќациленд“. Тој и се приближил на екипата на Н1 и побарал од нив да не снимаат, а потоа ја одзел насилно камерата и ја фрлил на земја и уништил.

Неидентификуван маж ја нападна денеска екипата на ТВ Н1, која снимаше во близина на српскиот Парламент и шаторската населба, позната во јавноста со месеци како „Ќациленд“. Тој и се приближил на екипата на Н1 и побарал од нив да не снимаат, а потоа ја одзел насилно камерата и ја фрлил на земја и уништил.

„Полицијата што беше во близина не реагираше на инцидентот, туку дојде само по повик на новинарот на Н1“, објави медиумската куќа.

„Мрежата SafeJournalists се придружува на НУНС во острото осудување на уште еден од низата напади врз медиумските работници во Србија. Мрежата бара од надлежните институции да спроведат истрага и да ги казнат сторителите“, се вели во соопштението.

Мрежата SafeJournalists изјави дека ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни.
„Секој напад врз новинари е напад врз демократијата, јавниот интерес и основните човекови права“, соопшти мрежата SafeJournalists.

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) објави дека полицијата што била во близина не реагирала на инцидентот, туку рекла дека ќе дојде друг тим, кај кого да го пријават случајот.

Кога се појавил вториот тим, полицијата им кажала дека добиле информација од обвинителството дека нема да има истрага и дека екипата на Н1 треба да замине и да го пријави случајот во надлежната полициска управа.

Дури подоцна истрага беше спроведена и обвинителството беше информирано. Напаѓачот избегал од местото на настанот.

Независното здружение на новинари на Србија посочува дека од почетокот на годината е евидентиран рекорден број физички напади врз новинари и повторува дека во Србија не постои конзистентна превенција или систематска заштита на новинарите. „Нападите остануваат неказнети, истрагите траат со години, а пораката што се испраќа е дека насилството врз новинарите е дозволено“.

„Фактот што припадниците на полицијата често се на местото на настанот и не реагираат е дополнителна загрижувачка работа. Отсуството на санкции само го продлабочува проблемот со неказнивоста и несигурноста на условите во кои работат новинарите“.

НУНС смета дека таквиот став кон новинарите е резултат на нивното таргетирање од страна на политичарите, првенствено од владејачката коалиција. Пред неколку денови министерот за информации и телекомуникации на Србија, Борис Братина ги обвини новинарите на Н1 и Нова С дека се „виновни за многу работи“ и дека не треба „да постојат во етерот на територијата на државата“.