
Директорката на ММФ: Албанија меѓу земјите со најбрз економски раст во Европа
-Албанија е посветена на пристапувањето во ЕУ и земјата постигна постојан напредок кон оваа цел. Банката на Албанија има клучна, посветена и визионерска улога на овој предизвикувачки пат, да ја поддржи земјата во искористувањето на можностите што ги нуди членството во ЕУ. ММФ ќе продолжи да биде постојан партнер на ова патување преку поддршка на Албанија со политики, истражување и развој на капацитети, рече Георгиева.
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева изјави дека Албанија е земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа.
Преку видеообраќање за време на настанот организиран денеска по повод 100-годишнината од формирањето на Централна банка на Албанија, шефицата на ММФ нагласи дека „оваа годишнина на Банката не е само повод за прослава на долговечноста на институцијата, туку и доказ за одржливата реформа на институцијата и нејзината визија“.
„Со Централна банка на Албанија на нејзина страна, секогаш посветена на одржување на стабилноста и довербата на јавноста, денеска, Албанија се рангира меѓу најбрзо растечките економии во Европа, што е доказ за непоколеблив напредок и постојано зголемување на одржливоста. Во ова достигнување, Банката на Албанија одигра клучна улога, благодарение на нејзината посветеност на здрави монетарни политики, регулаторна рамка и институционална транспарентност“, посочи шефицата на ММФ, пренесува АТА.
На крајот, таа порача дека ММФ ќе продолжи да биде постојан партнер и ќе даде поддршка на патување на Албанија кон ЕУ.
-Албанија е посветена на пристапувањето во ЕУ и земјата постигна постојан напредок кон оваа цел. Банката на Албанија има клучна, посветена и визионерска улога на овој предизвикувачки пат, да ја поддржи земјата во искористувањето на можностите што ги нуди членството во ЕУ. ММФ ќе продолжи да биде постојан партнер на ова патување преку поддршка на Албанија со политики, истражување и развој на капацитети, рече Георгиева.
На настанот присуствуваше и премиерот Еди Рама, кој меѓу другото рече дека Централна банка е пример за тоа како треба да функционираат независните институции.