Аналитичарот Ивица Боцевски синоќа во дебата на ТВ21 рече дека оставките на Зоран Заев од позицијата премиер и лидер во СДСМ се „театар“. Боцевски тврди дека Заев нема намера да замине од политичката сцена во Македонија.
„Затоа што по конгресните промени на СДСМ, таа партија е претворена во едно политичко крило на неговите фирми и фирмите на неговиот брат. Таму се елиминирани сите кои што можат да го загрозат него. Центарот на моќта во Владата моментов е СДСМ и Зоран Заев. Така што сето ова е еден политички театар кој самиот си го приреди. Заминувањето од позицијата претседател на СДСМ е веќе потврдено, а во најава е веќе и заминување од позицијата на премиер“ – вели Боцевски.