
Макрон во прва официјална посета на Словенија
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска е во работна посета на Љубљана, при што се сретна со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и премиерот Роберт Голоб.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска е во работна посета на Љубљана, при што се сретна со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и премиерот Роберт Голоб.
Макрон на првата официјална посета на Словенија потпиша повеќе договори, меѓу кои и за партнерство во областа на нуклеарната енергија и образованието.
– Често слушаме дека изградба на нова нуклеарна централа е премногу за Словенија. А вистината е дека не ја планираме исклучиво и само за Словенија, туку планираме и објект со кој регионот на Југоисточна Европа би обезбедил голем дел од своите потреби во однос на електричната енергија, наведе Голоб.
На средбата Голоб – Макрон се разговараше и за словенечко-француска соработката во автомобилската индустрија. Новите електрични возила на Рено ќе се произведуваат во фабриката во Нови Место.
Макрон и Голоб се осврнаа и на актуелните прашања од надворешната политика, како што се најавените мировни преговори за Украина и завршувањето на конфликтот во Појасот Газа.