
Протест пред Министерството за здравство во Тирана, поради скандалот со онколошките пациенти
Пред Министерството за здравство во Тирана денеска се одржа протест, на кој учествуваа пациенти, граѓани и активисти против алармантната состојба во која се наоѓа Клиника за онкологија. Тие го осудија недостигот на основна опрема и лекови за лекување на пациенти заболени од рак.
Пред Министерството за здравство во Тирана денеска се одржа протест, на кој учествуваа пациенти, граѓани и активисти против алармантната состојба во која се наоѓа Клиника за онкологија. Тие го осудија недостигот на основна опрема и лекови за лекување на пациенти заболени од рак.
– Во оваа клиника ситуацијата е критична, со недостаток на витална опрема како што се мамограф, ПЕТ-скен и услуги за хемотерапија, клучни елементи во дијагнозата и лекувањето на ракот. Покрај тоа, има постојан недостиг на основни лекови, што сериозно ги загрозува животите на пациентите кои не го добиваат потребниот третман на време, обвинија учесниците, кои пред Министерството за здравсто поставија транспарент на која пишуваше „Министерство на смртта“.
Демонстрантите нагласија дека ситуација е последица на длабоко вкоренети проблеми и претходни скандали што ја погодија оваа институција.
Оваа клиника беше во центарот на обвинувања за злоупотреба од страна на медицинскиот персонал, за кои постојат основи на сомнение дека профитираат на сметка на пациентите.
Претходно медиумите повикувајќи се на извештајот на Високиот државен завод за ревизија објавија за скандал во Клиниката за онкологија. Според Заводот онколошките пациенти во Албанија не ја добиваат ниту услугата, ниту лековите на време, а понекогаш добиваат погрешни или дури и лекови со истечен рок на траење.
За време на мониторингот, Заводот известува за случаи на долго време на чекање за хемотерапија, поради што пациентите се принудени да се лекуваат надвор од Албанија, со што им се одзема уставното право на здравствена заштита во нивната татковина.