Манијак снимал студентки во студентскиот дом „Гоце Делчев“ додека се туширале

„Завчера, околу 17 часот, станарот бил затекнат на дело, по што е реагирано во полиција и во управата на домот. При увидот, во неговиот уред беа пронајдени фотографии од повеќе станарки. Ги повикувам сите кои можеби забележале нешто сомнително или почувствувале дека се сликани додека се капат, да пријават“, се наведува во групата на Вибер на студентскиот дом, наменета за оние кои престојуваат таму, во чии преписки имал увид и „Слободен печат“.

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

„На 16 октомври 2025 во 20 часот и 10 минути во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријавила дека истиот ден околу 17 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните. Според пријавата, А.М. (22) од Богданци ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во полициска станица, а одземени му се лаптоп и компјутер. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Слободен печат објави дека студентките во државниот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје се исклучително вознемирени откако деновиве од страна на претседателката на Советот на станари биле информирани дека во блокот А на 12 кат, станар во повеќе наврати правел фотографии на девојчиња додека се тушираат, со телефон поставен над параванот.