„Или си СДСМ или не си“ – вели Филипче за предизборните фотографии на Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ
Филипче на денешната прес-конференција даде кус коментар на фотографијата, цитирајќи ја изјавата на Црвенковски од периодот на неговото претседателствување со партијата – „Или си СДСМ или не си СДСМ“.
Или си СДСМ или не си“. Вака лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, ја прокоментира фотографијата која се појави на социјалните мрежи, а на која, експретседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, е во друштво на градоначалникот на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Фотографијата е направена во угостителски објект во Охрид, а покрај Пецаков, на масата заедно со Црвенковски седат и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Донев, и Јован Мирчески – газда на „Пупе компани“, поранешен член на СДСМ, кој во меѓувреме со неговите поддржувачи од Охрид премина во ЗНАМ. Членот на Советот на Општина Охрид од редовите на ЗНАМ (претходно „Охрид пред сè“) е дел од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ во охридскиот совет.