
Лекарската комора не може да му ја одземе лиценцата на разрешениот директор на Клиниката за неврологија доктор Игор Кузмановски затоа што тој моментално нема активна лиценца.
Откако на 15 март 2025 година му истекла лиценцата, тој барањето за нејзино продолжување го поднел дури минатата недела и постапката за лиценцирање му е во процедура во Лекарската комора.
На страницата на Лекарската комора каде што се објавени списоците на лекарите кои располагаат со лиценца за работа, името на Кузмановски не фигурира.
Кузмановски беше разрешен во петокот, два часа откако на социјалните мрежи се појави видео на кое зборува за купување „бело“, а на снимката се гледа како подготвува „линии“ од непозната супстанца.
Министерството за здравство веднаш реагираше со негово разрешување од функцијата директор на Клиниката за неврологија.