
Родителите на починатите деца во пожарот во „Пулс”, денеска го блокираа кружниот тек кај двојниот мост Блокадата во Кочани.
-Срамен и понижувачки е односот кон трагедијата во Кочани и затоа од денеска секој ден во Кочани ќе се одржуваат мирни протести и блокади. Блокадите ќе траат по еден час секој ден – од 15:15 до 16:15 часот – сè додека не започне судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот за време на 26-тиот „Марш за ангелите“ одржан вчера пред Основниот суд во Кочани. Тие беа испровоцирани од изјавите на адвокатите на обвинетите, според кои случајот може да трае помеѓу 10 и 15 години.