
Герасимовски: Ги вакцинираме и микрочипираме бездомните кучиња и домашни миленици
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски денеска најави нов проект подобрување на состојбата со животните.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски денеска најави нов проект подобрување на благосостојбата на животните.
-Во новиот мандат, ги вакцинираме бездомните кучиња и домашните миленици како важен чекор кон безбедни улици и здрави заедници. Вакцинирањето ќе штити од беснило и други заразни болести, а микрочипирањето ќе овозможи брза идентификација и враќање на изгубени миленици, рече Герасимовски.
Тој додаде дека веќе се поставени нови куќички за бездомни животни во Паркот на франкофонијата, кои претставуваат безбедни и хумани засолништа за кучињата што живеат на улица.
-Продолжуваме да се грижиме за домашните миленици, за Центар што го сакаме. Нашата визија е Центар да биде општина која покажува грижа, хуманост и одговорност кон секое живо суштество, порача Герасимовски.