
И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово
Во Србија денеска се организираат собири за поддршка на Србите во Косово во неколку места, еден ќе го организираат поддржувачи на владата, а друг студенти во блокадата и граѓани кои ги поддржуваат.
На повик на студентите во блокада, денеска во Белград ќе се одржи митинг за поддршка на српскиот народ во Косово.
Во Србија денеска се организираат собири за поддршка на Србите во Косово во неколку места, еден ќе го организираат поддржувачи на владата, а друг студенти во блокадата и граѓани кои ги поддржуваат.
Во Косово утре ќе се одржат локални избори.
Центарот за социјална стабилност, близок до властите, објави дека граѓаните кои се противат на блокадите ќе организираат собири во Нови Сад, Суботица, Сремска Митровица, Шабац, Апатин, Крагуевац, Краљево, Врњачка Бања, Бечеј, Сомбор, Чачак, Врбас, Горњи Милановац и на други места.
Студентите во блокада повикаа на социјални мрежи на митинг за поддршка на Србите во Косово, што ќе се одржи поладнево во Белград.
„Ние, студентите во блокадата, кои се залагаме за праведна држава и почитување на Уставот, сме должни да ја потсетиме јавноста дека Универзитетот во Приштина (преместен во Северна Митровица) е дел од нашиот универзитетски систем и да се солидаризираме со нашите колеги и заедно да го разбиеме медиумскиот мрак“, наведоа тие во објавата.
Министерството за внатрешни работи на србија, објави дека ќе ги снима и фотографира учесниците на митинзите во Белград, Кикинда, Чачак, Зрењанин, Сомбор, Крагуевац, Заечар и Пирот.
Во текот на претходните месеци, неколкупати се случи истовремено да се одржуваат собири на противници и поддржувачи на владата, а неколку пати полицијата мораше да интервенира за да спречи конфликти меѓу собраните.