Украинската група „Калуш оркестра“ која годинава беше победник на Евровизија го продаде трофејот што го доби за победата за 900.000 долари. Овие пари украинските музички уметници ги наменија за украинската војска, за со нив да бидат купени дронови.
Продажбата, која се одвиваше на Фејсбук, се совпадна со појавувањето на бендот на хуманитарен концерт во Берлин.
„Ве молам, не се навикнувајте на војната! Мислам дека таа постојано би требала да биде на насловните страници додека не се постигне мир“ – велат од бендот.
Собраните средства би требало да се доволни за купување на три дрона „ПД-2“ од украинско производство.