Не е постигнат договор за шестиот пакет санкции против Русија

На синоќешниот состанокот во Брисел амбасадорите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се договорат за воведување на шестиот пакет санкции против Русија. Нов обид за постигнување договор за засилен притисок врз земјата ќе има денеска, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ.

Франција предлага воведување ембарго на увоз на руската нафта што се испорачува по морски пат до крајот на годината, со исклучок на нафтата што се транспортира преку натоводот „Дружба“ што ги снабдува Унгарија, Словачка и Чешка.

Унгарија како земја без излез на море и држава која 65 отсто од својата потрошувачката на нафта ја обезбедува од Русија преку нафтоводот „Дружба“, се спротивставува на ембаргото на нафтоводот и ја отфрли првата понуда за двегодишно нејзино изземање од обврските за забрана на увоз.