
САД преместуваат до 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел за координација на операцијата, соопштија американски претставници.
Американската војска ќе воспостави таканаречен центар за цивилно-воена координација во Израел, во кој ќе бидат вклучени околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и сили од арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го набљудуваат примирјето и ќе пријавуваат евентуални прекршувања.
Како што јави Би-Би-Си, американските претставници велат дека ниту еден американски војник нема да влезе во Газа. Работната група е предводена од Централната команда на САД, која е базирана во регионот, и има за цел да го надгледува напредокот на договорот за прекин на огнот, како и да помогне во координација на хуманитарната помош.
Под претпоставка дека размената на заложници и затвореници ќе биде завршена, претставниците велат дека намерата потоа е да се воспостави таканаречена Меѓународна сила за стабилизација, но тоа сè уште не е договорено меѓу страните. ј