Лавров: Путин не е болен!

Министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров во интервју за француската телевизија „ТФ1“ се осврнува на сите прашања поврзани со тековниот конфликт во Украина, од ситуацијата на теренот во Донбас до влијанието на НАТО, улогата на Европската унија, па до можностите за дијалог.

„Иднината на териториите на Украина каде Русија ја спроведува својата специјална воена операција треба да ја решат нивните граѓани. Тие ќе бидат среќни што повторно ќе бидат управувани од неонацистичкиот режим кој ја покажа својата целосно русофобична природа. Останува на самите граѓани да одлучат“ – вели Лавров.

На прашањето што сака Русија, тој одговара:

„Режимот во Киев да престане да убива цивили во Донбас како што тоа го правеше 8 долги години, од државниот удар во Украина во 2014 година. Затоа нашите цели се да ги заштитиме цивилите во Донбас и да ја демилитаризираме Украина. Односно, на нејзината територија повеќе не смее да има оружје што претставува закана за Руската Федерација“.

, објаснува Сергеј Лавров во интервју за француската телевизија, и додава: „Ние исто така сакаме да ги вратиме правата на рускиот јазик, во согласност со Уставот на Украина, кој режимот во Киев го прекрши со усвојување антируски закони. Но, мора и да ја денацизираме Украина, бидејќи неонацистичките идеи и дела сега се дел од животот во Украина“.

Во интервјуто Лавров негира дека претседателот Владимир Путин е болен, уверувајќи дека нема никакви симптоми, и дека секојдневно се појавува во јавност.

„Не мислам дека некој што е разумен може да види кај Путин знаци на болест или некакво нарушување“ – вели тој.