Бил Гејтс – милијардерот и ко-основач на „Мајкрософт“ смета дека има големи изгледи во следните 20 години да се појави нова пандемија, како резулат на климатските промени.
Гејтс вели дека човечката популација расте и навлегуваме се повеќе во екосистеми.
„Затоа предвидувам дека има 50 отсто шанси да имаме нова пандемија од природно потекло во следните 20 години, како резултат на климатските промени“ – вели тој.
Гејтс неодамна ја објави книгата „Како да се спречи следната пандемија“.