Трамп повикува на апсење на градоначалникот на Чикаго и гувернерот на Илиноис

-Градоначалникот на Чикаго треба да биде во затвор затоа што не ги заштитил службениците на ИЦЕ! Гувернерот Прикер исто така!“, напиша Трамп на својот профил на „Truth Social“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска повика на апсење на градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, и гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прикер, обвинувајќи ги двајцата демократи дека не ги заштитиле федералните службеници на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ).

-Градоначалникот на Чикаго треба да биде во затвор затоа што не ги заштитил службениците на ИЦЕ! Гувернерот Прикер исто така!“, напиша Трамп на својот профил на „Truth Social“.

Американскиот лидер минатата недела одобри распоредување на трупи на Националната гарда во Чикаго, третиот по големина град во земјата, и покрај противењето на локалните и државните службеници.

Членовите на Националната гарда на Тексас пристигнаа синоќа во Центарот за обука на резервите на американската армија во Елвуд, југозападно од Чикаго, каде што ќе поминат обука пред да бидат распоредени за заштита на федералните објекти и службениците на Службата за имиграција и царина.