„Запирањето на Русија е заедничка мисија на сите цивилизирани земји. Зошто светот посветува повеќе внимание на Украина отколку на Африка или на Истокот? – Таков наратив промовираат руски агенти“ – напиша на Твитер советникот на украинскиот претседател – Михајло Подољак
„Војната во Украина не е локален конфликт – тоа е прашање каков ќе биде светот утре. Ако и се дозволи на Русија да победи, „ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе го турне човештвото во темните векови“ додава
Подољак дополнува: „Секој автократ би можел да предизвика територијални конфликти, да зазема земји и да истребува нации. Запирањето на Русија е мисија на сите цивилизирани земји. Има време, но треба да побрзаме“.