
Од убиство на мајка и до смрт на сестра и во „Пулс“ – како државата во два наврати не успеа да ја заштити Марија и нејзиното семејство
Инаку, сестрите Марија и Лепа пред две години ги снајде дотогаш невидена трагедија за малото Кочани. Нивната мајка, Танкица Младеновска, беше убиена пред нејзиниот дом наутро поаѓајќи на работа. Нејзиниот поранешен партнер, Усеин Рашидов, ја усмрти со над 40 убоди со нож.
Во пожарот што ја проголта дискотеката „Пулс“, Марија Тасева од Кочани за влакно ја избегна смртта. Во метежот, пламените и вресоците, успеала да се извлече надвор, со изгореници и повреди од паничниот бег на толпата. Но, кратко по несреќата, во дворот на кочанската општа болница, повредената Марија ја слушна најстрашната вест – нејзината сестра Лепа не ја преживеала трагедијата.
Таа со болка и тага се сеќава на својата сестра:
„Не требаше вака да биде сестричке… твоите најубави години штотуку започнуваа. Се вратив во диското за да те најдам, но не ми дозволија да влезам. Да можев, ќе горев со тебе – само за да не бидеш сама. Извини што не успеав. Извини што не можев да те спасам. Ми ветуваше дека никогаш нема да ме оставиш… а сега си горе, со мама. Оваа болка е неподнослива. Ја закопавме мама, а сега и тебе. Што ли ми носи судбината на овие 19 години? Секогаш ќе бидеш со мене, моја непреболна рана… Ве сакам најмногу.“ – напиша Марија на инстаграм.
Инаку, сестрите Марија и Лепа пред две години ги снајде дотогаш невидена трагедија за малото Кочани. Нивната мајка, Танкица Младеновска, беше убиена пред нејзиниот дом наутро поаѓајќи на работа. Нејзиниот поранешен партнер, Усеин Рашидов, ја усмрти со над 40 убоди со нож.
Танкица е жртва на системот, а нејзината смрт ја одбележа сликата на македонската жена – незаштитена од институциите кога бара помош и заштита од насилство. Танкица во повеќе наврати го пријавувала Рашидов за насилничко однесување и закани, а исто така имало и пријава дека ѝ изнудувал пари уценувајќи ја со наводни компромитирачки фотографии. И покрај сите пријави на Танкица, Усеин Рашидов без никакви ограничувања и мерки слободно ѝ се приближувал, а ѝ се заканувал и во близина на работното место. Откако Танкица храбро ги одбила неговите закани и му рекла дека нема да му даде пари, зел нож, ја пречекал пред куќата и ја убил.
Усеин Рашидов беше осуден на казна доживотен затвор за кривичното дело убиство извршено при родово базирано насилство. Во 2024 убиецот си го одзеде животот во затворот со бесење.(infomax)