Претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган повторно изјави дека ќе продолжи да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО. Тој рече дека состаноците оваа недела со финската и шведската делегација не биле „на очекуваното ниво“
„Се додека Таип Ердоган е на чело на Република Турција, не можеме да кажеме „да“ на земјите што го поддржуваат тероризмот да се приклучат кон НАТО“ – им рекол на новинарите во авион по посетата на Азербејџан.
Турција се спротивстави на кандидатурите на Финска и Шведска за членство, критикувајќи ги двете земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички групи.
„Тие не се чесни или искрени. Не можеме да ја повториме грешката направена во минатото во однос на земјите што прифаќаат и хранат такви терористи во НАТО, која е безбедносна организација“ – рече Ердоган.
Шведска и Финска рекоа дека го осудуваат тероризмот и ја поздравија можноста за координација со Анкара.