СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

„Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инцидент во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски“, посочуваат од СДСМ.

СДСМ бара од надлежните институции веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста.

„Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни. Денеска во Куманово според информациите од медиумите можело дете да загине додека се враќа од училиште. Со блиндирани возила ли треба граѓаните да ги носат децата во школо? СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ. Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабови и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури. Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конечно да си поднесе оставка?, прашуваат од партијата и додаваат:

„Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има“.