
ДУИ ги откажува денешните активности: Сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓани да останат смирени, да не подлегнуваат на провокации
-Во знак на солидарност со повредениот и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучи да ги прекине сите денешни активности, a институциите да преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на теренот, се вели во реакцијата на ДУИ.
„Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и ранет.
-За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега.
-Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат – со целосна транспарентност и решителност – за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој атентат.
-Им упатуваме апел на сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓани воопшто да останат смирени, да не подлегнуваат на провокации и да ја покажат зрелоста што отсекогаш ја карактеризира нашето движење.
-Во знак на солидарност со повредениот и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучи да ги прекине сите денешни активности, a институциите да преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на теренот“, се вели во реакцијата на ДУИ.
МВР информираше дека денеска во 13:54 часот на ул. „11-ти Октомври“ во Куманово, непознато лице пукало во автомобил марка „голф“ управуван од Зекирија Шаини (1982 година) од с. Слупчане, носител на листа за ДУИ – општина Липково, а актуелен претседател на Советот на општината.
Носител на листа за ДУИ во Липково е застрелан во центарот на Куманово