
Градоначалничката на германскиот град Хердеке тешко повредена во напад со нож
Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердеке, социјалдемократката Ирис Сталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.
Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердеке, социјалдемократката Ирис Сталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.
Според полицијата, Сталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“.
Деталите за нападот и идентитетот на сторителот сè уште не се познати.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост, велејќи на платформата „X“ дека се надева на целосно закрепнување на политичарот.
Педесет и седумгодишната Сталцер беше избрана за градоначалничка пред нешто помалку од две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите.