Се урна спортски авион во Хрватска со четворица патници од Унгарија

Авион од типот „цесна“ со четири патници денеска попладне се срушил во близината на Раковица, во северниот дел на Хрватска, во близината на границата со БИХ, соопштуваат тамошните служби

Според хрватските медиуми, во авионот кој полетал од Сплит со крајна дестинација Германија се превезувале четири патници кои биле од Унгарија.

Над 30 припадници на горската служба на терен се во потрага по остатоците од авионот.

Авионот од радарот се изгубил во 11:52 часот. Последниот контакт на авионот бил на 2.300 стапки, северно од Раковица.

https://twitter.com/RavnateljstvoCZ/status/1530889918880399361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530889918880399361%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmk.tv21.tv%2Fsportski-avion-so-chetiri-patnitsi-se-urnal-vo-hrvatska%2F