Курти: Аплициравме за членство во Советот на Европа!

Косовскиот премиер – Албин Курти изјави дека во тек се подготовките за апликација на Косово во НАТО и ЕУ.

„Ние аплициравме за членство во Советот на Европа. Нашето членство во СЕ е додадена вредност за овој совет и можност Косово да постигне понатамошен напредок во областа на правдата. Се подготвуваме за поднесување барања за членство во Мировното партнерство во НАТО, а ќе аплицираме и за членство во ЕУ“ – рече Курти.

Тој рече дека годината на владата била доста предизвикувачка, споменувајќи ја пандемијата, енергетската криза, руската агресија во Украина и многу други прашања. Додаде дека во текот на оваа година, покрај предизвиците, напредувале во повеќе области.

„Обележавме економски раст, важни чекори во зајакнувањето на правосудниот систем, се боревме против криминалот и корупцијата, имавме прогресивни сојузи и ги зајакнавме односите со пријателска држава. „Косово стана светилник на демократијата во регионот“ – рече Курти.