Осуденици од Идризово бегале од полиција, завршиле во ендек

Додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода, информираат од МВР.

Во близина на скопската населба Нова Колонија доцна синоќа полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А.(45) и А.Ј.(23) од Скопје.

Како што информираат, лицата се осуденици, кои биле на отпуст од КПУ „Идризово“.

Додека се движеле со патничко возило „Ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје – Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија.

Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „Ренџ ровер“, возачот на „Ренџ роверот“ во два наврати удрил во полициското возило.

Полицаецот испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото не застанало туку продолжило да се движи.

Кај Нова Колонија излетало од патот.

Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.