Зголемени цените на угостителските услуги
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 проценти, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто.

Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година.
Цените во угостителството по групи во септември 2025 година во однос на август 2025 година се зголемени кај Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто, додека кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени.