
Ретроспективната изложба на македонски фотограф Александар Кондев
Во Културно-информативниот центар – Скопје од денеска до 14 октомври 2025 година ќе биде отворена ретроспективната изложба на познатиот македонски фотограф Александар Кондев.
Во Културно-информативниот центар – Скопје од денеска до 14 октомври 2025 година ќе биде отворена ретроспективната изложба на познатиот македонски фотограф Александар Кондев.
Кондев е роден во Скопје 1950 година. Основно и средно образование го стекнува во Скопје и студира на Економскиот факултет. Интересот за фотографијата и фото техниката се појавува уште во раните школски денови, а учествува на натпреварите и конкурсите организирани од Фото кино сојузот на Македонија и Народна Техника уште од 1961 година.
Периодот на студиите го враќа назад интересот за фотографијата, членува во Фото клубот Вардар во неговите најплодни години. Првата самостојна Изложба ја поставува во галеријата на Домот 25 мај, денес познат како МКЦ. При крајот на седумдесетите го формира Фото клуб 25, еден од најактивните и најдобрите клубови во Македонија но и во тогашна СФРЈ. Од осумдесетите години работи во студиото на Фотоцентар како фотограф. Членува во управните одбори како на Фото клубовите, така и на Фото сојузот на Македонија. Член е на редакцијата на Фото кино ревија,единствен фото списание од поранешна Југославија. Во 1983/4 година станува предсетел на Председателството на Фото сојузот на Македонија и дотогашната Републичка изложба ја трансформира во денес познатата манифестација „Денови на Македонска фотографија.
Од 1994 до 2002 година го предава предметот фотографија на Факултетот за ликовна уметност. Автор е на повеке самостојни и групни изложби во земјата и странство. Неговите фотографии се илустрација на многу книги и монографии на повеке издавачи и автори. Автор и коавтор е на две книги. Националната галерија на Македонија му организираше голема Ретроспективна изложба во 2015 година. Живее и работи во Скопје.